Ја запросил, го одбила – и доставил сметка да му врати се што потрошил на неа


Мери Лакомб од Австралија ја одбила понудата за брак од нејзиното момче, по што тој и приредил вистински шок. Побарал да му ги врати сите пари кои дотогаш ги потрошил на неа.

Девојката се забавувала со Брус Дастинг четири години, решил да и понуди брак, но не очекувал дека таа ќе го одбие. Повреден и лут составил листа на сите пари кои ги потрошил на неа и и ја доставил со барање да му врати се што му должи. Сумата достигнува до 200 000 австралиски долари.

Брус вели дека Мари ги користела неговите емоции да извлекува пари од него. Во една прилика итно му побарала пари на заем за операција – а кога отишол во болницата да ја види, видел дека ги зголемила градите!

Но Мари има поинаква верзија. Вели дека му должи само 25 000 австралиски долари кои и ги дал на заем. Сите други пари и ги дал или ги потрошил на неа – доброволно и не треба да ги бара назад, вели Мари. Таа е уверена дека реакцијата на Брус е одмазда за одбивањето на понудата за брак.

i bara pari po prosenjei bara pari po prosenje2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1