Незапаметен злочин се случил синоќа во Пријепољ кога 27 годишниот В.Ј. со ловечка пушка ја усмртил жена му па себе си. Жената оставила зад себе детенце од две години.
Убиството и самоубиството се случило во близина на фабриката за производство на бетон на периферијата Пеијепољ, пишува српски Блиц.
Според неофицијални информации убиената жена, неодамна живеела со В.Ј, но се развеле.
-Таа работела во еден ресторан. В.Ј. дошол кога таа ја завршила смената и ја однел со автомобил.
Најверојатниот мотив на оваа трагедија е љубомората“, изјави извор близок до истрагата.