Ја застрелале додека работела на својата нива – жена се бори за живот во прилепската болница


На излез од село Кривогаштани, прилепско, кон село Крушеани, вчера околу 15 часот В.П. (28) од Прилеп, додека извршувала земјоделски работи во нива, се здобила со повреда во вратот од огнено ловечко оружје.

Таа во контактибилна состојба, со возило на Итна медицинска помош, била пренесена во Медицински центар Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп. Истиот ден во 17:30 часот во Полициската станица Прилеп, под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот Законик на Република Македонија, биле приведени Х.М. (52) и Г.П. (64) од Република Франција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1