Јадете лук само двапати неделно и ќе го преполовите ризикот од рак


Ако јадете лук двапати неделно, речиси сте  го преполовиле ризикот од развој на рак на белите дробови, вели најновото истражување.
Последната студија направена во Кина покажува дека возрасните кои редовно консумираат лук имаа 44 отсто помалку шанси  да добијат рак на белите дробови.

snimka beli droboviИстражувањето опфатило 1,424 пациенти со рак на бели дробови и 4,500 здрави индивидуи. Секој од нив бил испрашуван во врска со неговите животни и хранителни навики и неговата врска со пушењето.

Резултатите објавени во стручното четиво Cancer Prevention Research покажале дека оние кои јаделе најмалку два пати неделно свеж лук имале сигнификантно помал ризик за рак на бели дробови за дури 44 проценти, а тие што пушеле или биле изложени на чад од масла за готвење (за кој се мисли дека игра голема улога во предизвикување на ракот) имале дури 30 проценти помал ризик.

До сега сето ова се поврзува со алицинот, кој се ослободува при толчење или сецкање на свеж лук, за која се верува дека има силно анти инфламаторно и анти оксидансно дејство.

Top Post

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1