“Јаху“ заминува во историја, новото име на интернет гигантот е “Алтаба“ – Шефицата дава отказ!


Интернет гигантот Јаху престанува и официјално да постои. Новото име на компанијата ќе биде Алтаба, а досегашната извршна директорка Мариса Мајер поднесува оставка.

Одлуката за заминување на Јаху во историјата е потврдена во извештајот на компанијата која го испратила до американските регулатори.marissa-mayer-e1484054320174

Во извештајот се наведуваат точните планови како Верајзон ќе го преземе Јаху.

Јаху е продаден за 4,8 милијарди долари, а кога ќе заврши целиот процес на преземање-кога се предаде е -маилот, веб страницата, мобилните апликации и рекламни алатки, компанијата го добива новото име Алтаба.

Новото име претставува одраз на трансформацијата на Јаху во холдинг компанија за вложување во кинескиот лидер во електронската трговија, Алибаба групата, и компанијата „Јаху Јапонија“ кои заедно вредат повеќе од 40 милиони долари.

Исто така се наведува дека досегашната шефица на Јаху, Мариса Мајер, ќе ја напушти таа функција после спојувањето.

Покрај Мариса, од компанијата ќе заминат уште неколку долгогодишни директори-коосновачот на Јаху Давид Флио и уште четири директори кои моментално се во Управниот одбор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1