Андреј Петров нема никаков кредибилитет и затоа треба да си поднесе оставка. Градоначлникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во интервју за Утрински весник вели дека генреалниот секретар на СДСМ доживеал до сега невиден изборен дебакл и тоа во неговата матична општина Карпош.
„Се потврди моето тврдење дека Андреј Петров има случајна политичка кариера. По ваков дебакл, политички коректно, дури и нужно е Андреј Петров да си поднесе оставка како секретар на партијата и како пратеник. Тој ја загубил поддршката , за која јас тврдам дека никогаш не ја ни имал дури и од својата матична општина Карпош.
Тогаш што останува за цела Македонија. Затоа треба да си поднесе оставка во парламентот, затоа што нема никаков кредибилитет за таа функција“ – вели Јакимовски во интервју за Утрински.
Тој додава дека одлуката за бојкот била погрешна, а учеството на изборите со 15 дена задоцнување било погубно за СДСМ.
Не сака да открие кон кого ќе се наклонат неговите 5 советници во советот на општина Карпош, каде што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 9 претставници