Јакимовски го повика Заев да го објави нивниот разговор од 14 февруари


Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на прес-конференција реагираше на објавениот разговор меѓу него и директорот на УБК Сашо Мијалков, објавен на трибината на СДСМ.

Тој го повика лидерот на СДСМ да го објави разговорот меѓу него и Заев од 14 февруари 2013 година.jakimovski1

– Сакам да му дадам дозвола и овластување да го објави разговорот воден меѓу мене и него на 14 февруари 2013 година во 14:40 часот и исто така да ја објави пораката што тој ми ја упати мене во 01:30 часот по полноќ на 17 февруари, веднаш по мојата кандидатура за градоначалник на Карпош. Првенствено заради тоа Социјалдемократскиот сојуз да види за каков лидер станува збор, рече Јакимовски.

Би било ред, рече Јакимовски, малку да го слушнеме и неговиот глас, односно како тој се однесува во приватни разговори и како ги именува другите етнички заедници во Република Македонија.

Тој побара да се разреши политичката ситуација во која се наоѓа државата и ги повика судските органи да ги преземат мерки случајот да добие институционална разрешница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1