„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата“, се вели во изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако поради влошена здравствена состојба мораше порано да ја напушти седницата на Комисијата.
Од СЈО информриаат и дека во меѓувреме побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.