Специјалното јавно обвинителство нема да бара притвoр за Сашо Мијалков кој е еден од обвинетите во случајот „Империја“.
-Има веќе мерки за Сашо Мијалков и тој ги почитува мерките, како што ги почитуваше и Никола Груевски, се појавува на суд и сметавме дека е доволно. Сега веќе ќе се прават други проценки, но мислам дека за Сашо Мијалков нема да се бара притвор – кажа Катица Јанева во вчерашното гостување на 1ТВ.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара притвор за Никола Груевски уште во февруари 2016 година кога некои други не можеа ни име да му споменат, а до минатиот четврток воопшто не одаваше некои настапи дека нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор, порача вечерва специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
– Обвинетиот Груевски против кого се водат четири постапки до минатиот четврток, кога беше присутен во државата, воопшто не одаваше некои настапи дека нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор. Се однесуваше како слободен граѓанин, си одеше на работа како пратеник во Собранието, се јавуваше на сите покани на рочиштата закажани по разни предмети каде што беше суден, така што ние сметавме дека нема потреба во овој момент да побараме построга мерка на обезбедување. Во иднина сметавме дека со новите истраги кои ќе ги отвораме против сега осудениот, обвинетиот и осомничен дека ќе побараме повторно Судот да ја преиспита одлуката во однос на неговото присуство, рече Јанева во вечерашното издание на емисијата „Правда неправда“ на 1ТВ.
Таа нагласи дека првпат СЈО побарало притвор за поранешниот премиер на 12 февруари 2016 година, а потоа и на 30 јули 2017 година.