Полицијата го повика на распит лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев за заканите што ги упатува на социјалните мрежи. Од неговата проруска партија велат дека Бачев бил приведен од страна на полицијата додека бил во седиштето на неговата партија каде бил за да одржи редовен состанок.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека Бачев навремено и официјално бил информиран дека требал да се пријави во полиција. Детали за случајот се очекува да се дадат по испрашувањето.
Бачев беше на чело за насилните протести против Законот за јазиците, како и на протести против Договорот со Грција. Бачев исто така е познат по употребата на говор на омраза, особено против Албанците.