Министерката Јанкулоска на својата фан страна на facebook постави слика на која Жерновски е качен на багер.
„За само неколку дена новиот градоначалник на Центар покажа дека не ги познава законите ниту за неговите, ниту за надлежностите на другите институции. Во недостиг на програма продолжува со деструктивна кампања, дискриминација и омаловажување на неговите неистомисленици. Не верувам во симболика, ама не е добар знак што почна со поделби и рушење наместо со обединување и градење“ – напиша Јанкулоска над сликата