Јанкулоска: СЈО нема никакви докази против мене – води политичка пресметка за СДСМ


Специјалното јавно обвинителство води политичка пресметка во име на СДСМ, односно во име на опозицијата со своите политички неистомисленици преку конструирани случаи во коишто за луѓето за кои тие сметаат дека се нивни политички противници, им се ставаат на товар невистинити кривични дела, изјави поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по денешното рочиште во скопска единица.jankulovska-1

– Со денешното рочиште уште еднаш се потврди впечатокот, кој СЈО го остави во јавноста, дека функционира како продолжена рака на опозицијата. Самиот факт што во текот на распитот СЈО побара изземање на судијата од политички мотивирани причини е доказ за политичкиот настап на ова обвинителство, односно за нивната пристрасност и блиска координација со опозицијата. Без оглед на сите механизми кои тие ги користат, без разлика дали тие се допуштени или не, јас секогаш кога ќе ме повика судот или било која државна институција сум достапна, сум на располагање и мој интерес е да учествувам во постапката затоа што тоа е најдобар начин да се демаскираат конструкциите на СЈО и на СДСМ, како и на сите други кои сметаат дека ова е најдобар начин да се подобри рејтингот. СЈО нема никакви докази против мене бидејќи апсолутно не постои никакво кривично дело – рече Јанкулоска.

– Од тоа што јас го слушнав нема никакви аргументи за мерки на претпазливост. Јас секогаш доаѓам и пак ќе дојдам секогаш кога ќе бидам повикана.Јас сум спокојна, немам направено никакво кривично дело. Додека бев министер работев чесно и во интерес на Македонија. Без разлика колку предмети ќе отвори СЈО, јас секогаш сум на располагање за да се дознае вистината. Секој ден станува се појасно дека СЈО е продолжена рака на опозицијата, како орган во состав на СДСМ и веќе тоа не го кријат. Не сум слушнала СЈО да се занимава со опозицијата. За случајот „Пуч“, СЈО се однесува како бранител, а не како истражители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1