Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска имала сообраќајна несреќа денеска во Скопје.
Несреќата се случила на улицата „Првомајска“ во Скопје, министерката не е повредена и веднаш продолжила со работните обврски.
Од МВР информираат дека сообраќајната несреќа се случила во 11:30 часот кај маркетот Супер Тинекс, а во несреќата учествувало службеното возило на министерката „Фолксваген Пасат“ кое се судрило со автомобил „Фиат Добло“. Со автомобилот на МВР управувал возачот, додека минстерката била на патничко седиште. Нема повредени во несреќата, само материјална штета.