Универзитетските професори Никола Јанкуловски и Ненад Новковски се двајцата кандидати од кои ќе се избира нов ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Ова денеска го одлучи Ректорската управа, објави Fakulteti.mk.
Јанкуловски е актуелен декан на Медицинскиот факултет, а Новковски е редовен професор на Природно-математичкиот факултет и поранешен министер за образование и наука.
Сенатот на УКИМ на седница на 27 јуни ќе избере еден од овие двајца кандидати да го води Универзитетот во следните четири години.
Во трката за ректор на Скопскиот универзитет беа уште четири професори: Александар Димитров, Атанас Кочов, Коле Василевски и Елена Думова-Јованоска