Ако власта сака да имаме правна држава тогаш нашите забелешки за Законот за јавното обвинителство ќе бидат прифатени вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Прашан дали е задоволен од текот на преговорите, Јанушев вели дека во партијата не може да се чувствуваат задоволни поради тоа што се прифаќаат нивни забелешки бидејќи како што вели, правната држава е нешто што мораме да го имаме и тоа не може да биде причина за задоволство и покрај условите во кои функционира системот.
Рече дека не сака да открива детали за преговорите на кратко одговарајќи дека тие се во тек и дека јавноста ќе биде информирана за епилогот.