Последните 25 години Јапонките го држат рекордот како најдолговечни жени на светот.
Тие во просек живеат по 84,5 години а покрај тоа не се здебелуваат.
Во својата книга „Јапонките не стареат ниту се дебелеат“, Наоми Морија ги води чиателите во светот на јапонската кујна и ги открива тајните за здрав и долг живот.
Таа во книгата пишува дека намирниците кои помагаат во слабеењето се едноставните намирници кои јапонските жени секојдневно ги користат во својата кујна. Во тие намирници спаѓаат: риба, зеленчук, зелен чај, морски плодови и ориз.
Јапонците секојдневно уживаат во спремањето на оброците со тоа што традиционалниот оброк се состои од риба на жар, варен ориз, варен зеленчук, мисо супи, зелен чај и овошје.
Интересен е фактот што Јапонците конзумираат околу 10% од сите риби на светот, иако тие завземаат само 2% од светската популација.
Истотака, како што пишува Морија во својата книга, родителите уште во најрана возраст ги учат своите деца полека да ја јадат храната и да го ценат секое парче храна.
Правилата на кои мора да се придржуваат се следните:
-Никогаш не смеат да ја наполнат целата чинија со храна;
-Никогаш не семат да сервираат на исто место различна храна;
-Наместо леб тие конзумираат ориз;
-Доручекот е најважниот оброк во денот (зелен чај, ориз, омлет, млад лук, парче риба…)
-Вежбањето е секојдневна активност и не смее да се изостави.