Јапонците знаат како – трикови за по дома


Чорапи извалкани со кал за да ги исперете не ви треба избелувач – туку наполнете ги со џамлии , заврзете и така исперете во машина. Ова е само еден од советите на Јапонците кои на овие старински финти им даваат многу значење. Грижливо ги запишуваат, а се прават и цели телевизиски емиси.

151393-smrdljive-noge-foto-shutterstock-26522557Ако се борите секој пат со вметнување на конецот во игла, конецот намачкајте го со малку лак за нокти. ќе се засуши за секунда и после како песна ќе го вовлечете во иглата.

Ако се скрши стакло или керамички сад, за да сте сигурни дека ќе ги соберете сите скршени парчиња дури и најситните, навлажнете памук и преминете преку површината каде се скршениците. Истото можете и со намокрен леб.

Дамки на ѕидовите , на пример од дим од цигари или мали шкрабаници од децата многу лесно ќе ги избришете како со гума ако користите 2/3 дена стар леб.

Ако ги чувате семејни фотографии на CD а компјутерот не може да го прочитата , може да се обидете да го спасите со триење со малку паста за заби врз цд-то.

Траги од маркери или фломастери ќе ги извадите од кожата лесно ако ги протриете со кесичка црн чај.

Јајце ако ви падне и се скрши на земја многу полесно ќе го отстраните ако врз него истурите повеќе сол и оставете 10 минути – потоа со еден потег ќе го отстраните од подот и нема да лепи површината.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1