Сопругата на спрскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ вели дека во животот имала моменти кога немала пари и дека не секогаш живеела толку убаво како сега.
Околу средбите со Новак, во текот на тинејџерските денови, можела само да сонува, со оглед на тоа дека авионските билети биле невозможна цел.
„Организацијата на нашите состаноци се граничеше со научна фантастика. Јас бев студентка која едвај собира пари за да оди во странство, додека пак Новак беше тенисер кој немаше пари да финансира таков тежок и скапоцен пат. Авионите за нас претставуваа летечки чинии кои не можевме да ги достигнеме“ вели Јелена.
Со оглед на тоа дека не добила спортска стипендија за заминување за странство, се снаоѓала онака како што умеела.
„Не се задржав долго во обложувалница и потоа бев промотерка на разни настани, многу работев и воопшто не ми беше тешко…“ додава сопругата на Новак Ѓоковиќ.
Ова е разговорот со Јелена: