Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, зборуваше за помошта која ја пружа АРМ на терен, директно помагајќи им на лицата погодени од поплавите.
Ангажираниот персонал од составот на армијата во кризните региони е распореден во пет сектори. Првиот сектор е Стајковци, каде има потреба од 150 до 300 лица, војници. Вториот сектор е Сингелиќ и Арачиново, третиот сектор е село Црешево, Смилковци, Раштански пат и Булачани. Четвртиот сектор е Инџиково, а петтиот Шипковица и тетовско, каде се ангажирани одреден број на воојници за да се спречат евентуални дополнителни штети на тој терен.
-Покрај директните активности на армијата за расчистување на теренот, ние како армија дадовме поддршка и на ЦУК, Црвениот крст и локалната самоуправа во повеќе области. Има одреден број машини и камиони за да се реализира расчистувањето на теренот и дадена е соодветна логистичка помош во транспорт на намирници за потребите на месното население, Зоран Јолевски, министерот за одбрана на Република Македонија.
АРМ целосно беше посветена кон извршување на задачите. Покрај класичните задачи, упативме соодветни медицински тимови и припадници на единицата за биолошка и хемиска заштита за дезинфекција на куќите.
Припадниците на АРМ заедно со локалното население преземаат и ќе продолжат да преземаат активности со цел побрзо да се надминат проблемите од оваа голема природна непогода.
Бројот на ангажирани лица се движи помеѓу 400 и 650 лица, а припадниците на АРМ деноноќно 24 часа се на терен за да помогнат на населението. Директно работат со жителите, помагаат во расчистување на домовите.