Јоргос Михалопулос: Не смеам да се мешам како комшијата ќе ги крсти децата и Грција нема право истото


Не гледам зошто Грција треба да има улога во официјалното име на Македонија? Исто како јас да се прашувам како мојот прв сосед ќе си ги крсти сопствените деца, вели тој

Грчката несигурност во однос на македонското прашање јасно се гледа во грчката историја. Лично, мислам дека е неосновано оти најпросто кажано: зошто јас би се прашувал, а уште полошо – би смеел да одлучувам за имињата на децата на мојот сосед?! Уште во овие први реченици од интервјуто за Дневник, младиот, по потекло Грк, докторанд на студиите по историја на „Оксфорд“, Јоргос Михалопулос, се обиде да покаже дека новите генерации млади луѓе во неговата татковина полека се оддалечуваат од тврдите грчки ставови по однос на македонското прашање.

jorgosРоден е во Атина, има 31 година. Одлучил да студира историја поттикнат токму, како што вели, од историскиот проблем на Грција со името на Македонија. Од 2008 година, па наваму работи на трудот: „Македонското прашање како дипломатски проблем: 1878 – 1912 година“. Тој требаше да учествува на Глобалната конференција на Обединетата македонска дијаспора во Скопје.

– Го истражував македонското прашање во првата деценија на 20 век, бев многу заинтересиран. Kога бев средношколец, се сеќавам на огромните собири што се организираа по повод „проблемот со името“ – на кои јас не присуствував. Со тек на време почнав да гледам на овој проблем со поинакви очи. Ова е јасно претставено и во мојот докторски труд, чија тема е еволуцијата на македонското прашање во почетокот на 20 век. Грчката несигурност во врска со името не падна од ведро небо во 1990 г., туку има долго историско педигре: нејзините корени се во антагонизмот на Грција и на Бугарија над отоманска територија, по Договорот од Берлин (1878 година). Црно-белите стереотипи на Словените како непријатели на хеленизмот уште постојат и денес, па направија грчката јавност да не отстапува од бескомпромисна позиција, вели тој.

– Прашањето за името стагнира, а јас не очекувам решение во блиска иднина. Ако се прашувам лично јас, не како историчар, не гледам зошто Грција треба да има улога во официјалното име на Македонија? Kако и да звучи, мислам дека во моментов најдобро е Македонија и нејзините граѓани да покажат умереност, упорност и да продолжат да инсистираат на решение. Не треба да се добие „војната“ со Грција – без разлика што таа сака да ја почне, Македонија треба да остане трпелива и само многу упорна.

Целото интервју на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1