Популарниот македонски композитор и продуцент Јован Јованов се „пресели“ во Холивуд.
Имено, Јован минатата недела замина на дошколување во едно од најелитните училишта во САД, „Тhe Los Angeles Film School“, каде што ќе има можност да се усовршува и дошколува за музичка продукција и музика за филм, пишува „Убавина и здравје“.
Јованов во Холивуд ќе студира во наредните две години, а за тоа време со студиото „Јованови“ ќе раководи неговито брат Иван Јованов..