ЈСП најдобар во свет? – Јавниот превоз на Скопје доби награда


Град Скопје ја доби престижната награда „Градски трофеј 2013“ за јавен превоз и за групен туризам, која секоја втора година ја доделува Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ) им оддава признание на локалните власти кои имплементираат проактивни политики за одржлив транспорт, мобилност и ефикасен јавен превоз.

avtobus nov jspВо конкуренција со Малме, Ковентри, Ливерпул и Виена, Скопје ја доби наградата за севкупната политика за одржливи мерки за мобилност на граѓаните и посетителите, современа сообраќајна инфраструктура и промовирање како атрактивна туристичка дестинација.
Ив Манерт, потпретседател на ИРУ и член на жирито потенцираше дека интернационалната жири комисија била импресионирана од сеопфатноста на досието доставено од Скопје и смета дека иако се’ уште има простор за подобрување, Скопје е пример на којшто треба да се угледаат европските метрополи.

Меѓу досегашните добитници на оваа престижна награда се градовите Дрезден (Германија), Честер (Велика Британија), Стокхолм (Шведска) и Саутпорт (Велика Британија).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1