Јунак: 9 год дете од Скопје ги избракло крадците кои се обидувле да влезат


Родителите на едно девет годишно дете од скопска Кисела Вода можат да бидат горди бидејќи нивниот син успеал да ги избрка крадците кои се обидувале да го ограбат нивниот стан, објавува Канал 5.

dete3Според информацитие на телевизијата, момчето им се јавило на родителите на телефон и им кажало дека некој се обидува да ја обие нивната врата од домот.

„Рече дека некој му ѕвони на вратата и дека чука. Јас му реков да не се плаши, да не се секира и дека јас ќе се вратам и ќе видам за што станува збор. Му реков да седи внатре и да ќути.

Подолго време се задржале во обид да влезат во станот. За несреќа од станарите немало никој присутен во моментот.

Неговата присутност е пресудна да не се случи нешто полошо“ – раскажува за Канал5 таткото на детето Зоран Ангелески.

Неговите родители ја алармирале полицијата, но кога таа пристигнала крадците веќе побегнале и не оставиле никакви траги.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1