Кабинет на претседателот Иванов: Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд


Братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски има бизнис релации со фирмата ЛИП „Корп Панама Сити“ од Панама, рече Шилегов, додавајќи дека оваа фирма е основач и сопственик на фирмата „Делфино травел балканс“

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија остро реагира на денешната изјава на партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов и ги демантира, како што наведуваат, изнесените лаги.rezidencija ivanov predsedatel

– Сметаме дека обидот преку лаги и манипулации да се претстави семејството на претседателот Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија. Ја повикуваме политичката партија СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку таа фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на таа фирма, која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела. Во спротивно, Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд. Фирмата „Делфино травел Балканс“ е основана во 2009 година во Скопје со сметка во ТТК Банка во Скопје и е избришана од Централен регистар во 2015 година, согласно Законот за трговски друштва чл.552-б, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1