Ако го наполните резервоарот со гориво во Македонија, каде и да појдете летово, најевтино ќе поминете. Грција, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Хрватска или Србија, каде и да патувате, наполнете гориво на нашите бензински пумпи.
Со последната корекција на цените на горивата еуросупер БС 95, чини 0,99 евра, еуросупер БЦ 98 се точи на бензиските пумпи по цена од 1,03 евра, додека новата цена на еуродизелот е 49 денари или 0,80 евроценти.
Нафтата во земјава е најевтина во Европа.
Неодамна Курир.рс објави анализа во која констатира дека Македонците возат со најевтин дизел и за исти пари поминуваат 354 км повеќе од Србите, а и самите сме сведоци дека жителите од јужен дел на Србија со горива се снабдуваат во Куманово.
Во моментов на бензиските пумпи во Србија дизелот чини 1.09 евра, а бензинот 1.08 евра, во Бугарија, пак, за литро бензин ќе дадете евро, а за дизел 0,93 евроценти. Во Грција цените на горивата се многу повисоки и за литро бензин треба да платите 1,52 евра, а за дизелот 1,18 евра, додека ако патувате во Албанија тогаш ќе ве чини литро бензин 1,15 евра, а дизелот 1,14 евра. Летово во Црна Гора е поевтин бензинот и чини 1,09 евра за литар и 1,03 евра за дизелот.
Според последните податоци, најскапото гориво во Европа е воНорвешка, каде што литар бензин 95 изнесува 1,53 евра, а литар дизел чини 1,35 евра, но и во Италија каде што граѓаните за литар бензин со 95 октани мораат да издвојат 1,57 евра, а за дизел 1,41 и Велика Британија, каде што и бензиот и дизелот се точат по иста цена од 1,34 евра.
Најскапо гориво на Балканов моментално се точи во Хрватска, а како што укажуваат експертите тоа е еден од начините да се “наплати“ туристичката сезона. Во моментов литар 95-ка чини 1,28 евра, а литар дизел 1,12 евра.
Доколку патувате низ Европа еве ги цените на горивата што се точат по бензиските пумпи низ континентот: