Според некои истражувања и статистики денес 2-ри јануари, отприлика околу 21 часот е најдоброто време да си најдете партнер на интернет.
По празничното шетање, одмарање – 2 јануари е денот кога најмногу луѓе на интернет бараат партнер. Ги удрила ,.емоција,, ако сами биле за новата година па токму на 2 јануари се решени тоа да го изменат.
Сајтот Match.com вели дека во 20:52 часот е ударното време за да си барате партнер и сродна душа на интернет.
Ова не е шега, а во прилог оди и информацијата дека во Америка овој начин е 2 по статистика за пронаоѓање партнери, Во Британија врските кои започнале преку интернет се трет најпопуларен начин.
Според Match.com сајтовите за запознавање се најпосетувани во јануари.