Жителите на Карпош 4 до 1 октомври мораат масовно да се потпишуваат во општинското одделение на Државната изборна комисија во Карпош.Граѓаните сметаат дека со новите објекти што ги предвидува ДУП-от населбата ќе се претвори во градилиште, а постоечките капацитети на мрежите за струја, канализација, водовод и топлификација ќе бидат преоптоварени.
Ние стоиме на барањето – враќање на предлог ДУП-от за урбана заедница Карпош 4 во фаза на јавна анкета и дебата поради пад на вредноста на нашите станови, заградување со високи згради и намалување нациркулација на воздухот исечење дрва и уништување на паркови“, стои во јавниот повик што деновиве се шири низ Карпош 4.
Потпишувањето ќе ќе трае до 1 октомври во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) на улица „Стрезово“ број 7 во Козле, секој работен ден освен сабота и недела, од 8:30 до 16:30 часот“, стои во повикот.