Каде се наоѓа гробницата на Александар Македонски?


Александар Македонски бил еден од најуспешните владетели и воен стратег на сите времиња. Тој имал само 33 години кога умрел во Вавилон во 323 година п.н.е. Тој пред смртта рекол дека го остава кралството на „најјакиот“. Доколку сакал неговата империја да остане во мир после неговата смрт, тој ги одбрал погрешните зборови.

grobnicata-na-aleksandar-06Неговите луѓе го сфатиле тоа како натпревар – најјакиот од нив бил достоен да го преземе неговиот престол. Нормално, после неговата смрт следувало големо крвопролевање. Среде сите расправии, биле правени планови за тоа каде треба да се закопа кралот. Тие биле правени и менувани повеќе пати пред Птоломеј да го смести телото во Мемфис, Египет.

Александар Македонски бил роден во Пела во 356 година п.н.е. Тој бил син на Филип II и учител на големиот грчки филозоф Аристотел. Тој ја добил првата воена победа кога имал само 16 години. И покрај очигледните јаки страни на синот на кралот, Филип и Александар не се сложувале кога Филип одбрал да има жена од македонско потекло. Ова го налутило Александар и тој и неговата мајка биле протерани. Сепак, Александар станал крал кога неговиот татко бил убиен за време на венчавката на неговата ќерка. Тогаш имал 20 години. Кога имал само 26, Александар успеал да ја освои целата персиска империја.

Поради големиот животен успех на Александар, тој бил почитуван и после смртта. Се знае каде неговата гробница била на одредено место во одредено време. Постоеле докази дека луѓе како Цезар, Клеопатра и Калигула ја посетувале неговата гробница. Исто така, можеби знаеме дека телото на Александар било ставено во златен саркофаг. Постои сомневање во одредени записи дека неговото тело било преместено во Мемфис, а понатаму дека било пренесувано на други места.

Или Птоломеј или неговиот син Филаделф, го преместиле телото на Александар во Александрија. Опис за оваа гробница не постои. Гробницата во Александрија била заменета со друга на истото место од страна на Птоломеј некаде во 215 година п.н.е. Птоломеј направил мавзолеј во центарот на Александрија.

Во него, тој ставил неколкумина од неговите претци и самиот Александар. Исто така, има докази дека златниот саркофаг на Александар Македонски бил стопен и продаден во 89 година п.н.е. Тој бил заменет со стаклен саркофаг.

Последниот и дефинитен доказ за гробницата на Александар датира во 215 година, кога Карацела ја посетила неговата гробница. Потоа имало војна за време на третиот век во Александрија. Градот бил нападнат и уништен. Можно е гробот на Александар да бил уништен или ограбен.

Доколку по некоја случајност, неговиот гроб останал недопрен, голема е веројатноста дека тој бил уништен за време на познатиот земјотрес и цунами кои ја погодиле Александрија во 365 година. Дури и ако по некоја случајност, гробот останал целосен и недопрен и тогаш, веројатно е дека гробот бил изгубен до 400 година кога христијаните почнале да бараат паганите да престанат да обожаваат лажни богови. Како што Александар бил обожуван после смртта, тој би бил прв кандидат кој би требало да биде уништен од страна на христијаните. Значи, ако почитуваното тело и гроб на кралот и после тоа останале недопрени, тие не би имале никакви шанси после доаѓањето на христијаните и нивната религија

После овој временски период, нема никакви посочувања за локацијата на гробот на Александар. До денешно време нема никаква трага за тоа каде се наоѓа гробот, ниту пак дали биле пронајдени неговиот саркофаг или вредните предмети кои наводно биле закопани со него. Доколку неговиот гроб бил отворен и ограбен,би можеле да имаме шанси да ги најдеме овие предмети надвор од Александрија. Тоа е добро, бидејќи доколку предметите се наоѓале во Александрија цело време, тогаш тие сигурно би биле уништени од страна на кастрофалните природни несреќи.

Генералниот заклучок, а најверојатно и вистината, е тоа што последното почивалиште на Александар било во Александрија, Египет. Има докази дека неговиот гроб би можел да се наоѓа на друго место, но доказите дека тој се наоѓал во Александрија се премногу силни во споредба со спротивните докази. Без разлика на тоа, можеме да заклучиме дека судбината на гробот на Александар Македонски била отсекогаш непозната.

Tocka.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1