Кафулето во трговскиот центар „Бисер“ во скопски Аеродром, во кое синоќа имаше забава без почитување на здравствените протоколи, ќе добие забрана за работа, соопштуваат од Државниот инспекторат.
Оттаму велат дека настанот го пријавиле граѓани нешто пред полноќ. Екипа инспектори пристигнала во локалот и констатирала низа неправилности.
Било констатирано дека локалот е сè уште нерегистриран, а било пречекорено и работното време, кое од 1 септември е до полноќ. За непочитување на протоколите, откако локалот е сè уште нерегистриран, ќе биде поднесена пријава до МВР.
Од видеата на социјалните мрежи може да на забавата присуствувале голем број млади лица, без да ја почитуваат мерката за социјална дистанца.