Британката Хедер Торп се удирала со чекан по стомак во осмиот месец од бременоста.
Сепак и покрај видеото на кое се гледа јасно како го злоставува нероденото дете, таа не завршила во затвор ниту пак против неа има обвинение.
За среќа, бебето не било повредено.
Снимката од удирањето на неродено бебе е можеби најшокантното видео досега, пишува Дејли мејл. Хедер рекла дека само сакала бебето да почувствува како ѝ е на неа кога тоа со сета сила ја удира однатре.
“Таа и претходно се удирала по стомакот од истата причина. Кога ја запрашав зошто го прави тоа ми рече дека претерувам и дека се е во ред“ – раскажува нејзиниот сопруг.