Кај Неготино се бара изгубениот антички град Антигонеа


До крајот на јули ќе траат археолошките истражувања на локалитетот Градиште кај Неготино, за кој археолозите претпоставуваат дека е градот Антигонеа, соопшти Управата за заштита на културното наследство.

Истражувањето е повеќегодишен меѓународен проект кој се реализира во соработка меѓу Археолошкиот музеј на Македонија и Унивезитетот Гдањск од Полска. Проектот почна во 2009 година и до 2011 година освен овие две институции партнер беше и Институтот за класични и ориентални студии од Валенсија, Шпанија.arheolozi2

Раководител на истражувањата е м-р Горан Санев, а негов партнер од Полска е проф. Николас Секунда.

– Оваа година продолжуваат ископувањата на неколку објети, веројатно резиденцијални, опкужени со улици, во средишниот и северниот дел од градот. Еден од објектите што се истражувше и измината година, има комерцијален карактер и веројатно станува збор за продавница-таверна. Во објектите се откриени изобилство од предмети од раноримскиот период, пред се фрагменти од керамички садови, светилики, теракотни фигурини, потенцирајќи дека се откриваат и многу калапи за терактоните светилки, теракотните фигурини, но и за печатената керамика од римско време. Исто така, меѓу наодите се и бројни фрагменти од импортирана, како на пример Италска и Самоска сигилата, а бројни се и примероците на фрагменти кои се нивна имитација од локално производство, соопшти УЗКН.

Гадиште Неготино е раноантичка наслеба која има хронологија засега утврдена од 5-4 век пр. н.е до 1-2 век од н. е., иако на самото градиште се среќаваат и остатоци од доцната антика. Градот интенезивно живеел низ овие векови, додека за доцноантичкиот период археолозите се уште немаат податоци, со исклучок на неколку објекти и бедемот.

Ископувањата на Градиште кај Неготино се финансики поддржани од Министерство за култура на РМ и од Унивезитетот Гдањск од Полска. Овој проект  ќе биде и дел од капиталните проекти на Владата на РМ во втората половина од 2015 година и во 2016 година, а ќе се реализира во координација на Управата за заштита на културното наследство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1