Кај Танушевци шверцувале сијалици – удриле во полициска кола во обид да избегаат


24.500 сијалици сместени во 250 пакети и 50 кутии цигари без маркица, се фатени во обид нелегално да бидат внесени во земјава, соопшти МВР.


Во првиот случај, завчера, по претходно добиени оперативни сознанија дека по илегален пат ќе биде пренесена стока од Република Македонија кон Република Косово, на земјаниот пат кај местото „Појато“ во атарот на село Танушевци околу 18,00 часот беше стопиран камион „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од лицето К.Н.(40) од Скопје.

На дадениот знак каминот не застанал и продолжил да се движи зголемувајќи ја брзината при што го удрило службеното полициско возило марка „Поло“ кое било паркирано. Подоцна К.Н. го оставил камионот до ископот на рудникот Бањани и избагал, но набргу е откриен и приведен од страна на припадници на единицата „алфа“.

При извршениот преглед и претрес во камионот пронајдени се вкупно 24.500 сијалици за домаќинство, сместени во 245 пакети без документација, со вкупна вредност од околу 7.000 евра. Регионалниот центар за гранични работи Север до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против К.Н., поради основано сомнение за извршено кривично дело „Криумчарење“, а истражен судија му одреди мерка притвор од 30 дена.

Во вториот случај, пак, вчера во 02:30 часот, по извршена царинска контрола на граничниот премин „Деве Баир“ извршен е преглед на патничко моторно возило марка „Опел-Виваро“ со скопски регистарски таблички. Притоа во багажот на сопатникот К.Б(38) од Битола пронајдени се непријавени и сокриени 50 кутии цигари без маркицица. По целосно документирање на случајот против К.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1