Кајмакоски, Самарџиќ и Рибља Чорба на сцена со Јоксимовиќ


На само 5 дена до најголемиот концертен спектакал на Жељко Јоксимовиќ, која пак ќе се случи токму во Скопје, организаторот на концертот План Б Продукција и менаџментот на Жељко директно од Белград најавуваат список со блескави музички гости.

За Даниел Кајмакоски веќе прочитавте. Сега стигнува потврда. Скопје – Београд првпат ќе ја испејат во живо во сабота на 21 јуни на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Скопје.

Освен миленикот на македонската женска популација во моментов, Кајмакоски, сцената со Жељко ќе ја подели уште еден Жељко. Самарџиќ ќе биде вистинска концертна поддршка за својот српски колега.

daniel zeljko2А за да го сменат ритамот на концертот и да понудат поинакви стихови, тука ќе бидат и Рибља Чорба. Македонската поддршка ќе ја пружат Гаро и браќата Тавитјан.

Влезниците за оваа идеална комбинација од музика, песни, гости и емоции  се во продажба секаде низ државата. Сеуште имате можност да бидете дел од публиката што ќе раскажува за досега невиден концерт на комплетираната Национална Арена Филип Втори. Место на трибина (јужна, северна или источна) од денес ќe ве чини 300 денари, партер 250, додека пак место во фан пит ќе ве чини 400 денари. Обезбеден е и вип простор за кој што е потребна резервација.

Организаторот најави рекорден број публика. Со оглед на тоа дека само во првите две недели, беа продадени повеќе од 20.000 влезници, без сомневање ова ќе биде концерт што вреди да се види и на кој што се очекува Жељко да пее пред 50.000 публика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1