Брачниот пар од Америка имал вишок храна за Денот на благодарноста па финиот сопруг, за да ја израдува својата жена, на нејзината сестра, односно балдската и дал полна чинија мусака за дома.
Таа му го вратила садот по 4 месеци, но со истата содржина – мусака со таква содржина на која би позавидел и Александар Флеминг.
Шокираниот сопруг одвратната глетка ја фотографирал и ја поставил на интернет и има милион прегледи за само 24 часа.
Покриена со разнобојни и живописни материи, остатоците од мусаката го довеле до лудило шокираниот човек. Напишал дека по 5 години работа како келнер и четири деца мислел дека видел се и дека од ништо веќе не може да му се згади. Изгледа погрешил.