Доколку сакате да добиете зголемување на платата, посветете внимание на горниот лев агол од вашата работна маса. Тоа е просторот за пари. Порталот фактор.мк со неколку совети како да го уредите работниот простор за поголем успех.
Просторот за пари украсете го со црвено или со виолетово цвеќе, бои кои се симбол за богатство во кинеската култура. Доколку собирате ситни пари, касичката исто така треба да биде во овие бои.
Кога целта ви е да ви ги признаат заслугите, делот од работната маса пред вас украсете го со нешто црвено како мал украс. Не заборавајте, на ѕидот во канцеларијата, кој се наоѓа спротивно од вас, да ги ставите дипломите, сертификатите и признанијата.
За подобар однос со колегите, во горниот десен агол од канцеларијата ставете барем два жолти предмети, зашто е многу важно да бидат во пар и да не стојат сами.
Тркалезната или масата со заоблени рабови е најдобра за зголемување на креативноста. На средината од задниот раб ставете украси од кристали, кои ја поттикнуваат интуицијата.
Средниот дел на масата е простор за здравје. Доколку сакате здрава кариера, во која ќе напредувате само со сопствени заслуги, тој простор треба да биде чист.
Долниот лев агол на работната маса (или канцеларијата) е поврзан со наука и со знаење. Тоа е идеално место за чување на речникот или на експертската литература. Освен што ќе ви биде при рака, концентрацијата ќе ви биде изострена.