Знаевте ли дека набраните јаболка дишат. Тоа е вистина, тие од воздухот апсорбираат кислород а испуштаат јаглерод диоксид, како и вода. Поради тоа, колку што околината е потопла, јаболката побргу ќе дехидрираат и кората ќе им се исуши и собере.
Имајте на ум дека јаболката ги апсорбираат мирисите од својата околина.
Затоа е добро јаболката да се складираат и чуваат посебно, на температура од околу 5 степени Целзиусови.
Ако ги чувате јаболката во подрум, заедно со компири, на пример, тие до некаде ќе го изгубат свежиот вкус.
Освен тоа, различните сорти јаболка треба да се држат одвоено.
И најубаво е секое јаболко да се завитка во хартија. Со тоа се забавува дехидрацијата и тие се заштитени од соседните, можеби веќе малку скапани јаболка.