1. Џвакајте магдонос или ливчиња нане.
2. Јадете морков, печурки или зачинете го оброкот со лимон. Овие три намирници добро делуваат против мирисот на кромид. Лимонот исто така е добар и за отстранување на мирисот на кромид од вашите раце. Истријте ги рацете со лимонов сок.
3. Ова можеби ќе ви изгледа смешно, но делува ефикасно. Во устата ставете лажичка сенф и жабуркајте околу 30 секунди. Потоа плукнете и земете уште една лажичка сенф и проголтајте.
4. Добро измијте ги забите, а особено јазикот. Употребете и конец за заби и на крајот задолжително пожабуркајте со вода за уста.
5. Пијте зелен чај. Тој е познат по тоа што ги неутрализира нуспојавите од кромидот кои се заслужни за интензивниот мирис. Исто така, пијте многу течности.
6. И за крај, бидете реални. Мирисот на кромид не е ништо страшно, без оглед на тоа што често претеруваме и го нарекуваме непријатен. Кромидот е здрава намирница која треба редовно да се конзумира и малку мириса, но тоа не треба да нѐ спречува да го јадеме.