На сите ни се случило еден ден да изгледаме прекрасно, а веќе после неколку дена да изгледаме како да не сме биле на фризер со месеци.
Бојадисувањето на коренот на косата знае да биде многу заморно, посебно за оние кои драстично ја промениле бојата на косата и никако не можат да го сокријат израстокот.
Прочитајте како можете да си го спасите времето, косата и паричникот од предвременото бојадисување:
1. Ако сте русокоса со темен корен
Ако сте русокоса и имате потемен корен, се препорачува да земете било каков производ за стилизирање кој испушта бела боја, односно кој содржи пероксид. Тоа може да биде пудра за волумен или сув шампон за коса. Нанесете на темето и добро истријте.
2. Ако имате темна коса со светол корен
Како што бојадисаните русокоси треба да пронајдат производ кој испушта бела боја, така бојадисаните бринети и црнокоси треба да најдат производ кој испушта црна боја.
3. Ако имате руса, светло кафена или црвена коса со подраснат корен корен
Пробајте некој од бројните производи за инстант сокривање на коренот, или пудра за волумен на коса. Можете да набавите регенератор или шампон за коса, кој е наменет токму за вашата боја, бидејќи обично истите додаваат боја.
4. Фризури за коса со подраснат корен
Ако ви е потребно да го прикриете на брзина израстокот, најдобро е да ја извиткате косата со тоа што ќе добиете поголем волумен. Освен локни, се препорачуваат плетенки или било каков друг вид на играње со косата кои ќе ги измешаат боите и вашиот корен ќе стане невидлив.
Извор: Црнобело