Лекарите тврдат дека науката е на пат да ја излечи алергијата на кикирики хранејќи ги децата со она што телото го отфрла, а така ќе ја создаваат толеранцијата која може да им го спаси животот.
Мали дози на прав од кикирики кој се зема неколку месеци може да доведат до толеранција кај децата на потенцијална смртоносната алергија.
После 6 месеци на третманот со имунотерапијата, од 84 до 91% од децата успешно можеле да ја толерираат дневната доза (800 мг) на прав од кикирики – што е еквивалент на пет кикиртки, пишува News.com.au.
Ова е 25 пати поголемо количество на кикирики од она кое децата можеле да го толерираат пред терапијата.
Истражувањето дозволило децата со различни видови на алергија да јадат големи количини на кикирики ослободувајќи ги нив и нивните родители од стравот од потенцијални смртоносни алергиски реакции.
Истражувањето опфатило 99 алергични деца од 7 до 16 години, а едно од пет деца на имунотерапијата реагирало со чешање на устата. Важно е да се знае дека ваков третман кај алергија на кикирики не треба да се проба дома.
Алергијата на кикирики е доста честа и ја има секое педесетто дете. Таа е многу фатална и може да предизвика и смрт, а близу 10 милиони луѓе во светот се алергични на кикирики. Симптомите варираат од благи до тешки, од отечени усни и недостаток на воздух до анафилактичен шок.