Блузата која се собрала во текот на перењето во машина за перење на алишта, можете да ја вратите во првобитната големина со помош на овој многу едноставен трик.
Во еден литар млака вода ставете две супени лажици детски шампон. Потопете ја блузата во водата и оставете ја да отстои околу половина час. Потоа рачно исцедете ја водата од блузата но не целосно. Мократа блуза ставете ја помеѓу два пешкира. Оптегнете ги краевите на пешкирите опфаќајќи ја и блузата и оставете ја природно да се исуши. При тоа внимавајте двата пешкира да останат развлечени така што ќе ставите нешто тешко на нивите краеви.
Мама365.мк