Како да ја спасите облеката која ви се “собрала“ во машината за перење


По којзнае кој пат се фаќате за глава, бидејќи и овој пат ја уништивте омилената маица во машината за перење? Не тагувајте, постои решение.

laundry_myths_shrunk_clothes_183oopi-183oopkБезброј пати сте помислиле дека штетата е непоправлива кога вам во текот на машинското перење некое парче облека ви се “собере“? Не грижете се, постои решение и за овој проблем. Методата која ќе ви ги спаси омилените парчиња облека кои сте ги уништиле е следна:

Чекор 1: Во млака вода со шампон за бебиња потопете ја облеката. Влакната во ткаенината на тој начин ќе се опуштат

Чекор 2: Извадете ја облеката од водата и без плакнење исцедете ја

Чекор 3: На гомел пешкир ставете ја облеката како кога пеглате

unshrink-shirts

Чекор 4: Замотајте ја во внатрешноста на пешкирот и оставете ја неколку минути за ткаенината да ја впие водата. Облеката мора да остане влажна, но не и мокра

Чекор 5: Ставете ја облеката на нов, сув пешкир, а потоа почнете нежно да ја растегнувате, рамномерно на сите страни

Чекор 6: Кога облеката ќе се врати на првобитната големина, можете да престанете со тегнење и да ја оставите на природен начин да се исуши

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1