Белите крвни зрнца (леукоцити) го штитат телото од напад на бактерии, вируси и паразити. Тие чинат само 1 процент од вкупната количина на крв, но без нив не би можеле да живееме. Леукоцитите се тие кои се борат со причинителите на болестите и го чуваат секој наш орган од нападите на бактериите. Постојат 3 главни групи на леукоцити: гранулоцити, лимфоцити и моноцити.
Леукоцитите во најголем процент се составени од гранулоцитите. Се делат на неутрофилни, еозинофилни и базофилни.
Неутрофилните гранулоцити се задолжени за неутрализирање на бактериите и други мали честици. Поради тоа, нивниот зголемен број во крвта упатува на фактот дека се работи за бактериска инфекција, додека бројот им е намален кај вирусни заболувања. Бројот може да им биде намален и поради јака бактериска инфекција која не се лечи подолго време.
Имено, тие клетки први ги елиминираат причините за болеста која се појавува во нашиот организам. Поради тоа нивниот број за време на акутна инфекција значително се зголемува, но ако причинителот на болеста ги победил неутрофилите, во тој случај нивниот вкупен број ќе биде помал бидејќи тие нема да успеат со толкава брзина колку што му е потребна на организмот да стигнат во коскената срж за отстранување на вирусите или бактериите.
Еузиофилните гранулоцити се поврзани со алергиските реакции, затоа ако нивниот број е зголемен, најверојатно се работи за алергија, но потребно е да се исклучи можноста дека се работи за паразитна инфекција. Тоа конечно би го потврдило зголемениот број на базофилни гранулоцити кои играат главна улога во алергиски одговор на организмот. Алергените на кои се осетливи најголемиот број од луѓето се поленот од тревата, дрвата, грини, некои лекови, но и различни видови на храна како што се кикириките, јајцата, кравјо млеко, како и убод од инсекти …
Лимфоцитите се клетки задолжени за создавање на антитела и се главни во одбраната од вирусни инфекции. Поради тоа, нивниот зголемен број упатува на инфекција од вирус.
Моноцитите се најголеми клетки во крвта. Тие ги обиколуваат бактериите кои ги процениле како опасни и ги проголтуваат. Заедно со неутрофилните гранулоцити, моноцитите се основа на одбрамбениот систем на организмот.
Сега кога ги знаете овие основни информации можете и сами да ги дешифрирате вашите резултати од крвта, но сепак најдобро е тоа да го стори вашиот избран лекар.