Прочитајте пасна – неколку секунди се сосема доволни да прочитате поезија или да се потсетите на својата омилена сонета.
Издувајте се – Прошетајте. Дури и неколку секунди шетање ја согорува негативната енергија и ве прави да се чувствувате ментално поспособни.
Следете ги мирисите – Пријатните мириси можат да ви го освежат денот и имаат поволно влијание на расположението.
Разбудете го мозокот – Медитирајте, помолете се, комуницирајте со природата, односно правете го она што вас најмногу ви одговоара.
Слушнете ја омилената песна – Тактовите на вистинската песна можат да го сменат погледот на светот за помалку од 45 секунди.
Не заборавајте да дишете – Многу е едноставно, издвоите неколку моменти во кои ќе се посветите само на своето дишење.
Организирајте се – За некој најдобар начин да се ослободи од стре е да ја среди куќата и да се организира.
Украдете малку нежност – Ако имате домашно милениче помилувате се со него, а ако немате тоа направете го со меко ќебе или џемпер и пробајте да профитирате од тој нежен допир.
Џвакајте – Јадењето и пијалокот помагаат да се опуштите, а ако направите правилен избор на храна, вашиот ден би можел да биде многу полесен.