Како да си купите жена во Албанија: Дај 500 евра и оди да избираш невеста!


– Имам седум невести за мажење. Дојдете кога сакате, ама да си знаете, јас барам 500 евра на рака. Ваше е дали ќе си бендисате невеста, што, како ќе правите, но доаѓањето чини толку. И, јас работам со леки – кусо ги објаснува своите услуги Марку, кој бара невести по селата во Лежа, северозападно од Тирана. Вели дека парите ги зема како гаранција иако не гарантира дека ергенот ќе си најде невеста. Тој, како и невестите што ги наоѓа, се католици, а „клиенти“ му се главно ергени од Битолско. Додава и дека семејствата и на невестите и на младоженците се многу задоволни од неговите услуги. Друго, вели, не може да ни каже, затоа што телефонот „му го снимаат“.

maticno nevesta

 

– Семејствата тука не бараат пари за момата. Бараат момчето да е од добро семејство, да не ја малтретира, да не е пијаница… Мажи тука не можат да најдат, па бараат од Македонија – вели Љ., без да објасни зошто невестите се мажат во странство.

– Тука повеќето невести се муслиманки. Но, македонските ергени ги земаат, верата не е проблем, невестите се крстат во црква и брзо се навикнуваат – вели домаќинот. Додава дека во последно време некои од ергените ги избегнуваат стројниците. Неколку девојки од Kорча, кои се омажиле во Македонија, поврзуваат ергени со свои роднини, роднините со нивни роднини, па се шири кругот на вакви, роднински стројници.

Неколку градоначалници на општини во Македонија се активно вклучени во барање невести за ергените од своите заедници. Градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, вели дека има постојан контакт со Kорча, каде што има стројник за речиси 200-те ергени од својата општина. Повеќе од 80 ергени од селата кај Македонски Брод веќе имаат сопруги од Албанија.

Целата сторија на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1