Како да си направите домашна алва


Масло-гриз-шеќер-вода. Земете една шолја и почнете да го подготвувате овој вкусен десерт.

alvaПотребно е:
1 шолја (200 мл) масло
2 шолји гриз
3 шолји шеќер
4 шолји вода
100 гр ситно сецкани бадеми
бадеми/ораси/лешници
малку цимет, по желба

Подготовка:
– Во подлабоко тенџере загрејте го маслото за јадење и во тоа додадете го гризот со постојано мешање со дрвена лажица. Пржете го гризот додека не добие убава златно-жолта боја.

alva2– Додадете ги бадемите и промешајте ги, за да се тостираат малку.

– Шеќерот измешајте го со водата и мешајте додека да се растопи.

– Полека додавајте од сирупот во смесата со гриз. Мешајте и продолжете да готвите се додека целиот сируп не биде апсорбиран од гризот и алвата не почне да клокоти.

– Оставете малку да се олади и потоа со лажица вадете од алвата и ставете на чинија за послужување.

– По желба одозгора можете да посипете со сецкани бадеми, ораси, лешници и цимет.

Миа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1