Како да си направите Munchmallow дома – рецепт


MunchmallowСостојки:
430гр. брашно
220гр. маргарин
2 јајца
2 лажици какао
100гр. шеќер
1/2 лажица сол
1 прашок за пециво
сосем малку сода бикарбона
1/2 лажица цимет
120мл. вода
4 лажици мед
320гр. шеќер
2 лажици желатин во прав
4 лажици ладна вода
4 белки
1 екстракт од ванила
300гр. чоколадо
9 лажици масло

Подготовка:
munch4Помешајте ги сите суви состојки, додајте го исецканиот маргарин и јајцата и замесете тесто. Оставете го во фрижидер на еден час и потоа на забрашнета подлога развијте го тестото. Кексите од тестото вадете ги со мала округла чаша, и редете ги на хартиена подлога. Печете на 190 степени околу 10 минути.
Желатинот натопете го со четирите лажици ладна вода. Водата, медот и шеќерот гответе ги до точка на пареа, а потоа оставете ги уште пет минути. Тргнете ги од оган и додајте им го желатинот. Посебно изматете ги белките во цврст шлаг, а потоа постепено истурајте ги во топлиот сируп со постојано мешање.
Додајте го екстрактот од ванила и матете ја смесата додека не стане густа како шлаг. Пената истурете ја во готварски шприц и филувајте ги кексите. Оставете ги на собна темпертура два часа за да се исушат. Стопете ја на оган чоколадата, заедно со маслото, а потоа секој од кексите потопете го во чоколадото. Подготвените кекси оставете ги да се изладат.

Извор -brkajrabota.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1