Како да студирате бесплатно во Русија?


Ректорот на Институтот за руски јазик „А.С. Пушкин“ изјави дека работата на студентите се цени и дека ним им се отвора можност за бесплатно студирање во Русија.

Институтот за руски јазик „А.С. Пушкин“ е еден од учесниците на Денот на роботехниката, кој се одржа од 21 до 23 ноември во Сочи, каде беше претставен порталот „Образование на руски“(http://pushkininstitute.ru/). Станува збор за интерактивни курсови по руски јазик со асистент – роботот Вања. Нашиот колега Глеб Фјодоров разговараше со ректорот на Институтот за руски јазик „А.С. Пушкин“ Маргарита Русецкаја за технологијата, за рускиот јазик и за тоа какви се можностите на странските државјани за бесплатно студирање во Русија.

studenti

Руска реч на македонски:  Ако добро ве сфатив, некои курсеви на порталот „Образование на руски“ се бесплатни и се отворени за сите?

М.Р.: Порталот им е достапен на сите оние што имаат Интернет. Достапен е во секоја смисла на зборот. Почетните курсеви А1 и А2 се бесплатни. Напредните нивоа, каде е потребно да се работи со вистински тутор се наплатуваат по цена на работен час на педагогот.

Освен тоа, на порталот постојат и модули за професионална поддршка на педагозите. Оваа обука е сосема бесплатна, а на курсот моментално има 2.500 професори од целиот свет. Ако сакаат диплома, тогаш ќе мораат да ја платат услугата.

РРМ: Како можат студентите да дојдат до вас? Има ли место и за нив?

М.Р.: Како и досега, ја предлагаме програмата за дипломски студии „Руски јазик како странски“. Студентите мораат да имаат основно додипломско образование по руски јазик. Ако не го поседуваат, ќе послужат филолошките или лингвистичките познавања. Станува збор за двогодишна програма. Странските студенти имаат можност за бесплатно студирање во Русија, а изборот го врши Министерството за образование заедно со Россотрудничество.

За да се приклучат на програмата, студентите ги предаваат потребните документи во најблиската канцеларија на Россотрудничество. Документите не мора да бидат предадени лично, тие можат да бидат испратени по пошта. Студентот мора да назначи за кој универзитет е заинтересиран, а резултатите ќе бидат познати откако ќе биде разгледана пријавата.

Целиот текст на – РускаРеч

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1