Како да уживате, а да не одите на одмор – еве како тоа го прават странците


Некои народи одморот го практикуваат секојдневно, а не само на патувањата.

Животните стилови на Шпанците, Грците и Канаѓаните можете и самите да ги примените, барем делумно и со тоа да го премостите периодот, кој го минувате без патувања.

sonce relaksШпанија

Традицијата на сиеста, односно правење пауза во траење од два до три часа за време на ручекот, стана позната ширум светот. Таа дури е и дел од работно време на Шпанците, иако економската криза му се заканува на овој прекрасен начин на опуштање. Зборот сиеста потекнува од латинскиот „sexta hora“, односно „шесттиот час“, како час на одмор по ручекот.

Шведска

Паузите за кафе во Шведска се нарекуваат фика и тие станаа културна институција во оваа земја. Шведските работници редовно прават паузи во текот на работното време и седат со пријателите и колегите во омиленото кафуле, уживајќи во топлиот напиток или јадејќи нешти слатко.

Грција

За време на топлите летни месеци, жителите на помалите градови и села во Грција ја негуваат традицијата „волта“ (прошетка). Кога ќе зајде сонцето, целото семејство заминува на прошетка.

Италија

Италијанците се „исклучуваат“ два пати дневно – еднаш попладне и еднаш навечер. Како што забележуваат туристите Италијанците имаат некој вид на продолжена пауза за ручек (рипосо), така што продавниците вообичаено се затворените меѓу 13 и 16 часот. Пасегиата, од друга страна е период во вечерните часови, кога сите уживаат во лесна прошетка, на свеж воздух и разговор.

Канада

За време на пролетните и летните месеци Канаѓаните, кои живеат во урбаните средини, викедните ги минуваат во колиби без интернет во целосна дивина. „Културата на колиби“ е дел од идентитетот на Канаѓаните и им овозможува да се опуштат од напорните работни денови во преубавата природа. Оваа традиција е особено популарна во Онтарио.

Франција

Французите го усовршиле стилот на добро живеење, а во центарот на нивното опуштање се наоѓаат заедничите оборци со пријателите и членовите на семејството, кои вобичаено се мошне грижливо подготвени. Дневниот ритуал се нарекува „l’aperitif“  и се случува нешто пред вечера, кога собраните уживаат во некој вид на мезе и можеби чаша вино. Тие на тој начин ги негуваат заедништвото и љубовта кон убавото живеење.

Јапонија

Во јапонската култура длабоко е вкоренета тивката благодарност кон изворите на храна, која се искажува за време на вечерните оброци.

Луѓето во тие моменти, собрани на масата, размислуваат не само за тоа колку се благодарни за се што се наоѓа пред нив, туку и за начинот на кој секој продукт дошол пред нив.

Јапонскиот збор итадакимасу, претставува поврзување со будистичкиот принцип на почитување на сите живи работи. Во едноставен превод тоа значи „и благодарам на храната“, но во исто време личноста им се заблагодарува и на земјоделците, кои ја произвеле и на семејствата, кои ја набавила, како и на природата, која ја создала целата храна што ја јадеме. Така ако кажете итадакимасу пред јадењето, значи дека го цените сето она што е поврзано со храната што ја јадете.

Миа

###

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1