Како да заработувате играјќи видео игри


Во 1997 година, Денис Фонг, кој е попознат по неговиот онлајн псевдоним „треш“, стана херој на интернет кога со својата вештина за играње „Квејк“, првата верзија на познатата видео игра со пукање, му донесе Ферари 328 гтс, кој беше во сопственост на Џон Кормак, програмерскиот гуру кој го напиша најголемиот дел од играта.

Фонг (сега е пензионер) собра повеќе од сто илјади долари во награди пред да го обеси глувчето и да ја претвори својата слава во бизнис империја. Тој останува познат помеѓу закоравените „гејмери“ (играчи) со докажување дека во јавноста постои апетит за „е-спортови“, и дека играчите можат да заработат со одржување во живот на играта на мрежата. Денес, стотици играчи ги претворија нивните играчки вештини во професија преку игри, како што се „League of legends“, „Call of duty“ и „Heartstone“. Но како тоа функционира?

children_playing_video_gamesПатот до славата почнува во мрежа од мали турнири, со награди од десетици илјади долари обезбедени од спонзори кои упорно сакаат да ја привлечат технички вештата и посветена публика. Ако сте успешни во малата лига, можеби ќе добиете покана да играте во врвната лига – на турнири кои ги организираат компании како што се Мејџор лиг гејминг во Америка или Електроник спортс лиг во Европа, кои можат да привлечат стотици илјади симултани гледачи, и чии фондови за награди можат да достигнат до фантастични стотици илјади долари.

Некои турнири ги водат фирми кои ги праваат игрите кои се играат. Riot е компанијата која стои зад „League of legends“ популарната тимска онлајн игра, која обезбеди десетици милиони долари за да организира и во живо да пренесува атрактивни натпревари дизајнирани да ги соберат најдобрите играчи на светот.

Исто како и во традиционалните спортови, за да се стане добар во видео игрите треба вежбање – и тоа многу вежбање. Во Јужна Кореја, каде играта со сај-фај стратегија „StarCraft“ стана нешто како национална опсесија во доцните 90-ти, професионалните играчи живеат во тимски куќи каде тренерите и системот од заслужени привиегии ги поттикнуваат да тренираат со десетици и повеќе часови на ден.

Како и во сите спортови, професионалното играње видео игри е бизнис во кој се оди до крај на „се или ништо“. Најдобрите играчи во текот на нивната кариера можат да освојат стотици илјади долари преку разни комбинации на награди, плати и лични спонзорства. Но мнгумина се откажуваат откако ќе потрошат неколку години како авантуристи пред да се откажат и да се свртат кон пообични кариери. Но постојат шанси и за специјалисти-познавачи. На големите турнири се бараат вешти коментатори, што значи дека самостојните играчи можат да одберат и втора кариера со објаснувањата што се случува за време на играшето. Невештите и нови играчи можеби сами ќе си плаќаат за секој час користење на тренер или коментатор. Некои играчи и самите стануваат ѕвезди, редовно постираат видеа на кои ги критикуваат игрите на други играчи, и даваат инструкции за гледачите како да станат подобри, или само муабетат за најновите озборувања.

Kill enemyОва е можно заради порастот на бројот на веб страни кои вршат видео стриминг, како што се Twiтch.tv и Usteram, кои овозможуваат секој да се постави во телевизиска емисија само за еден. Всушност, интернетот е првиот медиум кој овоможи електронските спортови да станат достапни. Како што станува се поголема видео индустријата, гледањето други играчи како играат станува спореден интерес.

Но интернетот им овозожува на тие луѓе со такви посебни интереси да си пронајдат партнери низ целиот свет, а тоа значи дека вклучувањето во „долга опашка“ наместо на масовен пазар е комерцијално исплатливо. Преносите во живо на МЛГ, на пример, се гледаат во повеќе од 170 земји – иако некаде тие имаат само една шака гледачи.

Организирањето на таквите преноси во живо преку традиционачлнте телевизии би било фантастично скапо, и би барало посебен вид на публика која е повеќе наклонета кон нешта како пто е фудбалскиот Светски куп (дали затоа МЛГ почна да флертува со американската спортска мрежа ЕСПН?).

Преносите во живо се далеку поефтини, а тоа значи дека нема потреба да се убедуваат скептичните телевизи кои сакаат да го избегнат ризикот, дека луѓето навистина ќе сакаат да гледаат играње во живо. Гугл е еден од нив и изгледа смета дека професионалното играње видео игри има своја иднина. Се зборува дека тие преговараат да го купат Twitch.tv, која е специјализирана за видео стриминг за играње игри, и тоа за милијарди долари.

Економист – Лондон

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1