Како Џеки Кенеди:Првата дама на САД Меланија Трамп блесна и закопчана до грло! ВИДЕО+ФОТО


Доналд Трамп и официјално е новиот претседател на Соединетите Американски Држави – 45-ти по ред. Целото негово семејство дојде да го поддржи, а многу внимание предизвика, очекувано, Меланија Трамп.tramp melanija

Новата прва дама на Америка за оваа прилика одбрала светло син костим кој го воодушеви целиот свет. Облечена во светлосино кратко болеро со висока крагна од кашмир под кое носела фустан со совршено едноставен крој во истата боја на креаторот Ралф Лорен. Многумина коментираат дека Меланија и закопчана до грло изгледа феноменално, и дека умее да изнесе сè што ќе одбере да облече. Меланија со благо крената коса, со долги сатенски сини ракавици и на сини високи потпетици ја поздрави Мишел Обама во Белата куќа.tramp melanija2

„Ни беше многу важно да ја одржиме и прославиме традицијата создавајќи исконски американски стил за овој момент“, соопштила модната куќа Ралф Лорен.

Сопругата на Трамп покрај нивниот син Барон му беше најголемата поддршка на Доналд кој пред целиот свет положи заклетва.

И претходната вечер, Меланија даде сè од себе за на вечерта воочи инаугурацијата на нејзиниот сопруг да блесне. И успеа во тоа!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1